Реал Мадрид го договори првото јануарско засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот весник „Марка“ пренесува дека од Реал Мадрид веќе го договориле првото засилување за зимскиот преоден рок.

Станува збор за играчот на Ривер Плата, Езекиел Паласиос кој би требало да се приклучи на „Кралскиот клуб“ веднаш по завршувањето на Светското клупско првенство.

Паласиос е 20 годишен екстра талентиран фудбалер од средниот ред кој може да покрие неколку позиции во срцето на теренот.

Играчот од средниот ред веќе има два настапи за репрезентацијата на Аргентина и се очекува и во иднина да добива повик од селекторот Лионел Скалони.