Шок за Росонерите: Олимпијакос уште во групната фаза стави крај на европските надежи за Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако пред почетокот на натпреварувањето важеа за едни од фаворитите за освојување на второто по ранг натпреварување во Европа, Лигата на Европа, екипата на Милан доживеа шокантна елиминација во групната фаза.

Италијанците имаа се во свои раце и се освен пораз од два разлика во Грција ги водеше во следната фаза. Сепак токму тоа се случи па Олимпијакос со 3:1 славеше на домашен терен и така го презеде второто место од избраниците на Гатузо.

Нашиот Стефан Ристовски, пак, се врати во тимот на Спортинг Лисабон откако повеќе од еден месец беше надвор од терените поради повреда.

Ристовски одигра 64. минути во победата на неговиот Спортинг над Ворскла со 3:0. Португалците заедно со Арсенал се патници во следната фаза од Европа Лигата.

АЕК Ларнака- Баер Леверкузен 1:5

Арсенал- Карабак 1:0

Селтик- Салцбург 1:2

Динамо Загреб- Андерлехт 0:0

Дуделанж- Бетис 0:0

Копенхаген- Бордо 0:1

Лудогорец- Цирих 1:1

Олимпијакос- Милан 3:1

РБ Лајпциг- Розенборг 1:1

Спортинг Л. – Ворскла 3:0

Славија Прага- Зенит 2:0

Трнава- Фенербахче 1:0