Кај Валенсија нема веќе трпение: Во првата прилика го напуштам „Олд Трафорд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија, оваа зима веројатно ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Овој колумбиски фудбалер не може да се пофали со минутажа под палката на Мурињо, последниот меч во оваа сезона го одигра во септември, а The Times пишува дека на Валенсија му „прекипело“ и ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Неговиот агент во изминатите денови беше во Манчестер за да ја разгледа можноста да се раскине договорот веќе во јануари, а проблем при пронаоѓање на нова средина Валенсија нема да има, бидејќи веќе сега има понуди од Вест Хем и неколку шпански екипи.

Пред само две години Мурињо го почести Валенсија со низа комплименти, дека е најдобар бек на светот, но според се судејќи тие времиња поминаа.

Валенсија за потсетување настапува во Манчестер Јунајтед од 2009. година. Претходно ги носеше дресовите на Виган, Виљареал, Хуелве и Ел Насионал.