Ѕвездите на Манчестер Сити се враќаат во тимот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пеп Гвардиола на следниот натпревар со Евертон би можел да смета на веќе опоравените Серхио Агуеро и Кевин Де Брујн.

Агуеро нема играно од минатиот месец, по натпреварот со Лион и пропушти четири натпревари поради повреда на мускулот.

Де Брујн, кој беше минатата сезона најдобар играч во Премиер Лигата, оваа сезона играше многу малку поради повредата на лигаментите на коленото.

„ Агуеро имаше два одлични тренинзи и не чувствува болка. Исто така и Кевин. Ќе видиме“ – изјави Шпанецот.

На последните два натпревари против Евертон на свој терен Сити ремизираше со резултати 1-1.