Сите мислеа дека е на лекување, а тој… Умтити ги налути навивачите на Барселона (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот дефанзивец Самуел Умтити веќе неколку недели се наоѓа надвор од теренот поради проблеми со повреда на коленото.

Умтити од почетокот на сезоната има мака со левото колено, а неодамна пак се повреди и не е познато кога ќе се врати на теренот.

Докторите на Барселона го советуваа да оди на операција, но тој ја отфрли таа можност. Французинот реши со посебен третман да се врати од повредата, а поради тоа замина во Доха.

Наводно, Умтити не сака на операција и верува дека по некој алтернативен пат ќе успее да се излекува.

Сепак, навивачите на Барселона се бесни по фотографиите на Умтити на Инстаграм, на која се гледа дека ужива во непланиран одмор.