Солскјер конечно прозборе: Јунајтед го сака Покетино? Па, тоа не е…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер кажа пред мечот со Тотнем дека не го изненадува тоа што стратегот на лондонскиот клуб, Маурицио Покетино привлекува интерес од страна на „црвените ѓаволи“.

Солскјер на 22 декември седна на тренерската клупа на Јунајтед и таму треба да остане до крајот на сезоната.

Норвежанецот има одличен старт на клупата на Јунајтед бидејќи запиша пат победи на пет натпревари. А, сега ќе има тешка задача против Тотнем.

„Кејн е фантастичен голгетер, еден од најдобрите во светот. Се надевам дека нема да биде ефикасен против нас. Што се однесува до Покетино.. Го сака Јунајтед? Па, тоа не е случајно, туку го покажува квалитетот на тренерот“, објаснува Солскјер.