УЕФА со жестока казна и на адреса на Дејан Ловрен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дицсиплинската комисија на УЕФА го санкционираше хрватскиот репрезентативец, Дејан Ловрен, со еден меч неиграње во натпреварувањата под ингеренција на УЕФА објави европската куќа на фудбалот.

Исто така, Хрватскиот фудбалски сојуз е санкциониран со парична казна од 13000 евра поради организирачки пропусти на двобојот од Лигата на нациите со Шпанија во Загреб во кој Хрватска славеше со 3:2.

Ловрен е казнет поради провоцирање, односно навреди, со што го повредил членот 11 од Дисциплинскиот правилник, и нема да може да биде на располагање на селекторот на следниот меч од националниот тим. Тоа значи дека ќе мора да го пропушти првиот квалификациски меч за ЕУРО 2020. година, во кој Хрватска ќе го пречека Азербеџан во Загреб.