Дејвид Бекам конечно го доби својот наследник на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската јавност неодамна беше во шок кога на клупата на Манчестер Јунајтед се појави Тахит Чонг, за кој ретко претходно некој слушнал.

Мурињо одлучи неколкупати да го смести во првиот тим, но на теренот не добиваше шанса. Чонг во повеќето партии за резервниот тим на „Црвените ѓаволи“ воодушевува, слично беше и на мечот против Фулам синоќа.

Овој 19-годишен Холанѓанец во Јунајтед стигна пред речиси три години од Фејнорд, и покажа зошто англискиот великан го донел во своите редови. Чонг постигна фантастичен погодок од слободен удар, па посочи дека „Дејвид Бекам“ конечно можеби има достојна замена на „Олд Трафорд“.

Сите оние кои таа ноќ ги прочитаа составите, не можеа а да не забележат дека во составот на Јунајтед е Тахит Чонг.

Кој е тој? Се работи за млад играч кој играше за У23 тимот на Јунајтед, беше член на јуниорите, иако Мурињо пред почетокот на сезоната го водеше со себе на подготовките во САД.

Со оглед на тоа дека ги нема Алексис Сначез и Џеси Лингард, Мурињо одлучи младиот Холанѓанец да го уфрли во екипата и да ја чека својата шанса од клупата. Тој е во Јунајтед од летото 2016. година, игра на позиција крило, а роден е на 4. декември 1999 година.