Фудбалерите на Јунајтед дополнително мотивирани пред Тотенхем: Сер Алекс повторно ги посети во Керингтон (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед беа посетени од легендарниот Сер Алекс Фергусон кој уште еднаш го прифати повикот од Оле Гунар Солскјер и беше присутен на последниот тренинг на клубот пред натпреварот со Тотенхем.

„Ѓаволите“ во Керинготн денес ги одработија последните подготовки пред Тотенхем, а повторно мотивациски говор одржал Сер Алекс Фергусон.

Фудбалерите ќе заминат за Лондон со воз денеска попладне, а утре ќе ги очекува првиот посериозен предизвик под водство на Оле Гунар Солскјер. Доколку победат на „Вембли“ дефинитивно ќе се вратат во трката за четвртата позиција која води во Лигата на шампионите.