Го одби Милан за да се пресели во Лацио и зажали: Хрватски репрезентативец бара заминување од Олимпико


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан Бадељ побарал да си замине од Лацио во јануари затоа што не добива баш премногу шанса на теренот.

Хрватскиот интернационалец кој следниот месец ќе наполни 30 години се пресели во Лацио во август кога како слободен агент стави потпис на договор иако за него интерес имаше и од редовите на Милан.

По само 12 официјални натпревари оваа полусезона, од кои повеќето беа од клупата, „Ил Месаџеро“ објави дека Бадељ се пожалил за оваа ситуација.

Иако ги одби во летото, од Милан посакуваат да го видат искусниот играч од средниот ред во своите редови и би можеле да стапат во преговори со Лацио за неговите услуги.