Кутроне го однесе Милан во четвртфинале на италијанскиот куп (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан во Џенова ја совлада Сампдорија со 2-0 и се пласираше во четвртфинале на италијанскиот куп.

„Росонерите“ имаа тешко гостување, но стигнаа до триумфот преку Патрик Кутроне во 102. и 108. минута.

Првиот гол го постигна по асистенцијата на Конти, а шест минути подоцна му асистираше Чалханоглу.

Денеска дебитираше и Лукас Пакета, но Бразилецот не се прослави, иако одигра солиден натпревар.

Милан во четвртфинале ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Наполи и Сасуоло.