Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шпанија ја совлада Аргентина со 1-0 и стана нов светски шампион по 120 минути игра.
Шпанците заслужено се искачија на светскиот врв по одличниот настап во текот на целиот турнир. Во финалето ја контролираа играта, а Аргентина долго време не успеа сериозно да се закани кон голот на Унаи Симон.
Клучниот момент се случи во 93. минута кога Енцо Фернандез беше исклучен по втор жолт картон. Бројчаната предност Шпанија ја искористи во второто продолжение, кога Феран Торес, по асистенција на Нико Вилијамс, го постигна победничкиот гол за конечни 1-0.
















