Аргентина си поигра со Венецуела


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Аргентина убедливо ја совлада Венецуела со 4:1 во четвртфиналето на Копа Америка.

Аргентина и во овој натпревар ја оправдаа улогата на фаворит. Фудбалерите на Аргентина само после осум минути игра стигнаа до водство. Меси испрати фантастично додавање за Игуаин кој постигна мајсторски погодок. Истиот фудбалер 20 минути подоцна ја искористи неверојатната грешка на одбраната на Венецуела и ја зголеми предноста. Венецуела можеше да намали, но Сеихас промаши пенал. Аргентинците работата ја завршија во второто полувреме. Во 60-та минута во листата на стрелци се запиша и Меси. 10 минути подоцна Венецуела намали преку Рондон, а во следниот напад Ерик Ламела ги постави конечните 4:1 на асистенција на Лионел Меси.

Аргентина во полуфиналето на Копа Америка ќе игра против САД.