Аргентинецот е крал на Ла Лига: Меси направи нешто што не му успеало на никој! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси со асистенција за Артуро Видал ги помести границите на шпанскиот фудбал и стана првиот играч во историјата на Ла Лига, кој во иста сезона стигнал до 20 голови и 20 асистенци.

Тоа го постигна во иста сезона, кога стигна до бројката од 700 голови во кариерата. А токму асистенцијата на Аргентинецот за Видал го однесе во историјата.

Аргентинецот стана и прв фудбалер, кој во сезона имал барем 20 асистенции уште од Чави Ернандез, на кој му успеа тоа во сезоната 2008/09.