Арсенал договори „бомба“ од Португалија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Скај Спорт“ објави дека фудбалерот на Порто, Фабио Виера си договорил трансфер во Арсенал, откако минатата година ја освои титулата во португалскиот шампионат.

Арсенал за неговите услуги ќе плати 40 милиони евра, па така младинскиот португалски фудбалер наскоро ќе стигне во Лондон и треба да помине медицински прегледи.

Виера минатата сезона за Порто одигра 39 меча во сите натпреварувања и постигна седум голови, а досега играше за сите младински репрезентации на Португалија.