Арсенал донел одлука за Себаљос, на ред е Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од редовите на Арсенал донеле одлука за иднината на Дани Себаљос кој оваа сезона настапува како позајмен играч на „Емирати“.

Во договорот на играчот има опција за целосно да биде откупен од страна на Арсенал, меѓутоа „топчиите“ ќе се обидат да го убедат Реал Мадрид да им го остави играчот на позајмица уште една сезона.

„Лондон Ивнинг Стандард“ пишува дека од таборот на Арсенал се релаксирани по ова прашање и веруваат дека Реал Мадрид ќе се согласи да го отстапи играчот кој не е во плановите на Зинедин Зидан и за следната сезона.