Арсенал ќе активира „бомба“ и ќе му се одмазди на Челси!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лидерот во англиската Премиерлига планира да се засили со уште неколку фудбалери до крајот на продениот рок, а еден од нив е Мојсе Каиседо од Брајтон.

Фабрицио Романо објави дека „топчиите“ испратиле понуда од 60 милиони фунти за услугите на Каиседо, но истата била одбиена од Брајтон кој го смета фудбалерот за еден од најважните.

Каиседо е желба и на Челси, кој веќе понуди 55 милиони фунти, но и таа понуда беше одбиена од премиерлигашот, па Арсенал сега сака да им се одмазди за Мудрик и затоа ќе оди до крај за да го реализира трансферот.

Засега не е познато колку пари најмногу може да понуди Арсенал, но Брајтон испрати јасна порака дека нема да го продаде Каиседо за помалку од 100 милиони евра.