Арсенал остана без Мудрик, па сега сака да се засили од Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лидерот во Премиерлигата, Арсенал се обидува да ја засили екипата пред новите предизвици во битката за титулата.

Челси им го украде Михајло Мудрик од Шахтер Доњецк за 100 милиони евра, па сега Арсенал се насочи кон Рафиња.

„Топчиите“ се надеваат дека ќе го ангажираат Рафиња, меѓутоа цената која ја постави претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е премногу висока.

Лапорта бара 100 милиони евра за Рафиња кој ја засили Барселона минатото лето од Лидс, па сега останува на Арсенал да донесе конечна одлука.