Арсенал во потрага по нов голман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сандеј Експрес“ пишува дека од таборот на Арсенал се во потрага по нов голман кој ќе го донесат како конкуренција за Бернд Лено.

Германецот ќе остане прва опција на „Емирати“, но од клубот планираат да му донесат посилна замена од актуелниот втор голман на клубот, Емилијано Мартинез кој би требало да си оди од Арсенал по крајот на оваа сезона.

„Топчиите“ во своите редови го посакуваат голманот на Барселона, Нето, за кого интерес има и од Милан, Реал Бетис, Атлетико Мадрид и Севилја.