Арсенал во Селтик пронајде напаѓач за следната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Арсенал се заинтересирани во своите редови да го донесат напаѓачот на Селтик, Одсон Едуард.

За младиот, 22 годишен напаѓач постои сериозен интерес од неколку екипи од Премиер лигата, но „Дејли Експрес“ пишува дека Арсенал во моментов е најконкретен во намерата да го ангажира.

Арсенал за него подготвил сума од 25 милиони фунти, но се верува дека Селтик и покрај економската криза и намалувањето на цената на играчите, ќе бара нешто повеќе за да го ослободи играчот од обврските.