Артета ја губи контролата во Арсенал, го коментираше и Џака: Ова е неприфатливо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Микел Артета е разочаран од неговите фудбалери по уште еден пораз, кој го запишаа во Премиерлигата.

Арсенал загуби на домашен терен со 0-1 од Барнли и по 12 кола имаат само 13 бодови, додека Гранит Џака им ја отежна работата на „топчиите“.

„Сè фрливме во вода кога Џака беше исклучен. Тогаш мечот го загубивме. Неговото однесување е неприфатливо. Направи голема грешка и тоа скапо нè чинеше. Бевме подготвени да победиме, но тешко е со 10 фудбалери“, вели Артета.

Црвен картон можеше да добие и Мохамед Елнени.

„Не смееме да правиме повеќе вакви грешки. Не видов што направи точно Елнени, па нема ни да го коментирам“, вели Шпанецот.