Артета ќе разговара со најдобриот играч на клубот и ќе го убедува да остане на „Емирати“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Дејли Телеграф“ пишува дека Микел Артета планира да има директна средба со Пјер Емерик Обамејанг на која ќе го убедува играчот да остане во тимот.

Обамејанг има уште само една година од својот договор со Арсенал и се верува дека не сака да го продолжи за да има можност да направи еден голем трансфер пред да влезе во финалните години од својата кариера.

За 30 годишниот Обамејанг постои сериозен интерес од редовите на Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ кои сакаат да го видат во своите редови.

Сепак, Артета бил самоуверен дека ќе го убеди најдобриот играч на клубот да остане во Лондон.