Артета покрај Обамејанг ќе изгуби уште еден фудбалер на клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Микел Артета додека се бори со коронавирусот веќе носи и конечни одлуки околу иднината на своите играчи.

Откако излезе информација дека Пјер Емерик Обамејанг веројатно ќе си оди во Барселона за сума од 50 милиони фунти, сега излезе ифнормација дека клубот дефинитивно ќе го напушти и Хенрик Микитаријан.

Ерменецот во моментов настапува во Рома како позајмен фудбалер, а од следната сезона и на перманентна основа ќе си оди од „Емирати“.

Микитаријан заработува доста пари од Арсенал, па Артета се согласил да го пушти да си оди со цел да обезбеди средства за нови засилувања.