Артета: Следната сезона одиме посилно, сакаме да освоиме сè!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал завршија на втората позиција во Премиерлигата зад Манчестер сити и повторно не ја освоија титулата.

Тренерот Микел Артета испрати порака до навивачите и им се заблагодари за поддршката која му ја даваат во текот на целата сезона.

„Ова се случува затоа што веруваме во себе, бевме трпеливи и градевме нешто. Благодарен сум на сите, но сега е време за пауза. По одморот ќе се вратиме посилни и ќе се обидеме да освоиме сè“, кажа Артета.