Артур дефинитивно ја затвори вратата за Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбаелрот на Барселона, Артур дефинитивно ја затворил вратата за евентуален трансфер во редовите на Јувентус ова лето.

23 годишниот фудбалер уште еднаш се поврзуваше со трансфер на „Алијанц Стадионот“ во Торино како дел од трансфер размената за Миралем Пјаниќ.

Сепак, „Скај Спортс“ посочи дека Артур и на двата клуба им кажал дека има намера да остане во редовите на Барселона.

Сега, Барселона ќе мора да понуди друг играч доколку сака да ги обезбеди услугите на Миралем Пјаниќ.