Артур прифатил да се пресели во Јувентус, Пјаниќ на чекор до „Камп Ноу“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Артур Мело е чекор поблиску до Јувентус, барем така пишуваат шпанските медиуми.

Артур е важен дел од трансферот и веќе неколку недели се преговара меѓу Барселона и Јувентус. Каталонците сакаат да го земар Миралем Пјаниќ, а Јуве не сака друга размена освен таа со Артур.

„Тутоспорт“ пишува дека Артур се предомислил и се согласил да се пресели во „Старата дама“, додека претходно личните услови ги договори и Пјаниќ со каталонскиот гигант.

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен во разговор со „БиИн Спортс“ беше без коментар за иднината на Артур, што дополнително се засилија шпекулациите.