Артур вечерва лета за Торино, утре следат медицинските прегледи во Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе нема дилеми, Бразилецот, АРтур ќе биде нов фудбалер за Јувентус за следната сезона.

Бразилецот ќе го земани дресот на каталонците за сума од 80 милиони евра, а веќе вечерва ќе одлета за Торино каде утре треба да има медицински прегледи со Јуентус.

Потоа, Артур ќе се врати во Шпанија и ќе продолжи со тренинзите во таборот на Барселона и ќе се подготвува за следниот натпревар против Атлетико Мадрид.

Артур на денешниот натпревар против Селта Виго доби само десетина минути затоа што во игра влезе во 85. минута од натпреварот.

„Скај Италија“ пишува дека Миралем Пјаниќ исто така ќе има медицински прегледи во Торино и истите ќе му важат за неговиот трансфер во Барселона.