АС: Ибрахимовиќ во преговори со нов клуб, сака уште еден предизвик во кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Бока Јуниорс сериозно размислува во своите редови да го донесе Златан Ибрахимовиќ.

Трансферот би се случил следното лето кога би му истекол договорот со Лос Анџелес Галакси каде Ибра игра феноменално.

Проблем би можело да претставува заработката на Ибрахимовиќ во САД која е далеку поголема од тоа што Бока може да го понуди за 37 годишниот шведски фудбалер.

Сепак, ваквите најави веднаш ги демантираше агентот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола кој посочи дека неговиот клиент останува посветен на ЛА Галакси.