„АС“ ја откри цената која Реал ќе му ја понуди на Челси за Еден Азар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ја токми понудата која ќе треба да ја испрати на адреса на Челси за нивниот најдобар играч, Еден Азар.

Според „АС“ од таборот на „кралскиот клуб“ ќе подготват понуда во висина од околу 70 до 80 милиони фунти која сметаат дека ќе биде прифатлива за Челси.

Сепак „сините“ го проценуваат Азар на нешто повеќе од 100 милиони фунти иако тој има само една година од неговиот договор со клубот.

Ваква понуда Реал веројатно нема да испрати, но се очекува двата тима да се договорат за трансферот на белгискиот репрезентативец.