„АС“: Мбапе се договори со Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми постојано пишуваат за иднината на Килијан Мбапе, а сега „АС“ објави дека францускиот напаѓач се договорил со Реал Мадрид за последните детали пред да се пресели во Шпанија.

„АС“ пишува дека Мбапе се договорил за преселба во Мадрид, но таа информација официјално ќе биде објавена по осминафиналниот натпревар во Лигата на шампиони меѓу Реал и ПСЖ, како што претходно објави и шпанска „Марка“.

Мбапе засега успева да ги избегне прашањата за неговата иднина и не одговара дали ќе го напушти ПСЖ, кој веќе неколку месеци му нуди нови договори, но Французинот не сака да ги прифати, иако условите се идеални.