„АС“ откри дали Зидан ќе остане тренер на Реал Мадрид?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот Зинедин Зидан имаше големи проблеми со повреди сезонава и поради тоа запиша полоши резултати од претходно, а синоќа испадна и од полуфиналето во Лигата на шампиони.

По поразот од Челси се појавија шпекулации дека Зидан ќе добие отказ од раководството на Реал, а за тоа реагираше и шпанскиот медиум „АС“, кој ја открива иднината на Французинот.

„АС“ смета дека Зидан не е сигурен во неговата работа и можеби наскоро ќе биде отпуштен, а тоа доаѓа посебно по неговата изјава која ја даде по поразот од Челси.

„Сигурен сум дека овој тим ќе се обиде повторно да ја освои титулата во Лигата на шампиони, но сега не можам да мислам за тоа“, кажа Зидан и тоа предизвика шпекулации.