Лионел Скалони има една од најуспешните периоди во историјата на аргентинската репрезентација, но сега со една реченица ја загрижи нацијата.
Селекторот на Аргентина зборуваше пред новото репрезентативно собирање, во кое неговиот тим очекува три пријателски натпревари, но и период во кој би требало да започне посериозно подмладување на генерациите.
Скалони не рече директно дека си оди, ниту потврди дека сигурно ќе ја продолжи работата на долг рок. Сепак, начинот на кој зборуваше за иднината на репрезентацијата предизвика посебно внимание.
„Логично, ќе се потрудиме, дали ние ќе сме тука или не. Тоа не е најважно“, рече Скалони зборувајќи за воведувањето на нова генерација играчи во репрезентацијата.
Токму делот “дали ние ќе сме тука или не“ остави најмногу простор за прашања за неговата иднина, иако од остатокот на изјавата е јасно дека веќе размислува за следната фаза на развојот на тимот.
„Ќе одржиме прощавка кога стадионот ќе биде завршен, секако ако тој тоа го сака. Луѓето го чекаат, а тој на крај одлучува сам“.
Лапорта зборуваше и за можноста Меси повторно да игра за Барселона, откривајќи дека таква опција постоеше.
















