Палестинец создаде сензација во UFC што нема да се заборави: Шампионот беше брутално "успан" за 12 секунди!

Една од најголемите сензации во историјата на тешката категорија на UFC се случи на настанот UFC 331 во Лос Анџелес.

Шеан Шараф ја шокираше целата ММА јавност и со брутален нокаут за само 12 секунди го собори големиот фаворит Гејбл Стивенсон.

Според официјалната статистика на UFC, ова беше третиот најбрз нокаут во историјата на тешката категорија.

Публиката во Crypto.com арената не стигна ни да се намести на своите места, а борбата веќе беше завршена.

Шеан Шараф палестински UFC борец, кој беше аутсајдер со коефициент +1000, го нокаутираше Гејбл Стивенсон во 10 секунди и рече „АЛХАМДУЛИЛА“ и потоа ја изрече Сурата Ал-Фатиха за својот покоен брат пред Лос Анџелес.

Тој е легенда и вечно ќе се памети во историјата на UFC 🏆 pic.twitter.com/XHDHoAdk1t— THE ANTI GURU (@AntiGuruMMA) 20 септември, 2026

.