„АС“: Реал Мадрид пред потпис со волшебникот од Тотенхем

Реал Мадрид, наводно, договорил големо засилување за летниот преоден рок, односно тие ќе го ангажираат Кристјан Ериксен од Тотенхем.

Шпански „АС“ пишува дека „кралевите“ се договориле со данскиот фудбалер, а остануваат уште преговорите со англискиот гигант и официјална потврда на трансферот.

Ериксен има договор со Тотенхем до 2020 година, а клубовите имаат одличен однос, зашто Реал Мадрид често купуваше од Лондон, па се претпоставува дека ќе се договорат и за Ериксен.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Реал Мадрид ќе мора да плати околу 100-150 милиони евра за Ериксен, а тоа ќе биде огромна заработка за Тотенхем, кој преетходно го ангажираше Данецот од Ајакс за само 13,5 милиони евра.

Сезонава Ериксен игра фантастично, па постигна девет голови и 17 асистенции, па без дилема е еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата.