Асенсио кажа дали сака да остане во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Марко Асенсио кажа дека го сака неговиот клуб и планира да остане во шпанскиот гигант по завршување на договорот.

Асенсио има договор до крајот на сезоната со „кралевите“, а се надева дека наскоро ќе стави потпис на нова соработка.

„Го сакам Реал Мадрид и се надевам дека ќе останам. Поминав низ тешки моменти, но секогаш добивав поддршка и затоа го сакам овој клуб“, вели Асенсио.

Шпанскиот фудбалер оваа сезона настапи на 40 меча, а притоа постигна 10 гола и шест асистенции.