Асенсио од следна сезона ќе игра во Премиерлигата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио на крајот на сезоната ќе си замине како слободен агент, а негова следна дестинација ќе биде Астон вила.

Екипата од Бирмингем испратила примамлива понуда за шпанскиот репрезентативец, кој имаше понуди и од Милан и Јувентус, но Астон вила нуди најголема плата.

Асенсио одбил да потпише нов договор со „кралевите“ затоа што не му била загарантирана поголема минутажа и на 1 јули треба да го облече дресот на премиерлигашот.

Шпанецот во дресот на гигантот од Мадрид досега постигна 52 гола на 262 настапи и освои неколку титули.