Атаман го предизвика Бостон: Ако сте најдобри, дојдете да играте со Панатинаикос


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренерот на грчкиот гигант Панатинаикос, Ергин Атаман го предизвика Бостон селтикс да се соочат на паркетот.

Бостон стана шампион во НБА-лигата и објави дека се „светски шампиони“, но Атаман смета за да станат такво нешто треба прво да го победат европскиот првак Панатинаикос.

„Бостон лета многу високо. Тие не се светски шампион. Ако ја сакаат титулата, нека дојдат да нè победат нас. Ако се толку самоуверени, нека дојдат во Грција“, кажа Атаман.