Атанасов изведе мајсторија од слободен удар за Хајдук (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Јани Атанасов со еден гол учествуваше во убедливата победа на Хајдук Сплит од 5-1 против Славен Белупо на домашен терен.

Славен Белупо го доби првото полувреме со голот на Хоџа во завршницата, но потоа Хајдук се налути и постигна пет погодоци.

Млакар израмни на 1-1, а потоа Чолина стрелаше за водство од 2-1, по што следеше мајсторијата на Атанасов за 3-1.

До крајот на мечот блесна и Калиниќ, кој постигна уште два гола и ги постави конечните 5-1 за Хајдук.