Атлетико добива нов напаѓач од Лион: Симеоне сериозно ја напаѓа титулата во Ла Лига!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Атлетико Мадрид сезонава е главен фаворит за титулата во шпанската Ла Лига. Екипата на Диего Симеоне игра одлично и во моментов е првопласирана.

Симеоне си најде нов напаѓач, а тоа е Муса Дембеле од Лион, со кого се водат преговори во моментот. Тој најверојатно ќе дојде во Мадрид на позајмица, по што Атлетико ќе го купи на крајот на сезоната.

Овој 24-годишен играч постигна еден погодок на 16 натпревари за Лион. Веројатно ќе ја има улогата на замена за Луис Суарез, а моментално поради повреда е надвор од терените до февруари.

Дембеле претходно играше за Фулам и Селтик, а член на Лион е од 2018. година и постигна 45 погодоци на 105 настапи.