Атлетико е во голема криза, а Симеоне тоа сака да го реши со официјално засилување во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетико Мадрид во летниот прелазен рок доведе ноколку звучни засилувања во својот тим, а најголемото беше со сигурност Жоа Феликс.

Покрај Алваро Мората и Диего Коста тој требаше да претставува страв за секоја одбрана за оваа сезона во Ла Лига, но тоа не е случај.

Имено, Атлетико одигра осум кола во шпанското првенство и постигна само седум голови, а последните три од четири натпревари завршија со резултат од 0:0.

Диего Симеоне затоа веќе размислува за засилување на нападот, а шпанскиот АС пишува дека Единсон Кавани е на мета на овој клуб во јануарскиот преоден рок.

Уругваецот има договор со ПСЖ до летото во 2020. година, а сите прилики водат кон тоа дека тој нема да го продолжи.

Првобитно е дека клубот од Мадрид мислеше да го доведе Кавани по истекувањето на договорот во јуни, но со оглед на големата голгетерска криза, тоа најверојатно ќе го направи сега, во јануари.

Кавани дебатира за ПСЖ од 2013. година, од тогаш има одиграно 283 натпревари и има постигнато 195 погодоци.