Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Љубителите на фудбалот со нетрпение го чекаат реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Лигата на шампионите вечерва се враќа на ТВ-екраните со натпреварите Лајпциг – Тотенхем и Валенсија – Аталанта. Сепак, многумина со нетрпение ја чекаат утрешната програма кога ќе бидат дуелите Ливерпул – Атлетико Мадрид и ПСЖ – Борусија Дортмунд.
Фокусот на средбата е на „Енфилд“ каде актуелниот шампион Ливерпул ќе се обиде да го надомести заостанувањето од првиот натпревар. Атлетико славеше пред своите навивачи со 1-0, но јасно е дека утре го очекува пекол на „Енфилд“.
Иако шпанскиот тим пристигнува во Ливерпул со водство од 1:0, обложувалниците не веруваат дека ќе помине овој тим во четвртфиналето. Ливерпул е јасно голем фаворит во овој судир како што најдобро го покажуваат шансите кај обложувалниците што изненадија многумина.
Секако, нè чекаат многу возбудувања на Паркот на принцовите каде се среќаваат ПСЖ и Дортмунд. Германскиот тим има предност од 2:1 од нивниот натпревар, но сигурно парижаните утре се фаворити.
Значи не е изненадување што шансите се пониски за победата на ПСЖ, но Дортмунд веќе покажа дека може да направи многу штета на парижаните.