Атлетико Мадрид потврди: Манчестер Сити ја активира откупната клаузула за нивната ѕвезда


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Од таборот на Атлетико Мадрид потврдија дека Манчестер Сити ја активирал откупната клаузула за играчот од средниот ред Родри.

„Ла Лига го информира Атлетико Мадрид дека Родриго преку неговиот адвокат и претставници од Манчестер Сити ја платиле откупната клаузуа во спортската асоцијација во средата. Играчот со тоа автоматски го прекинува договорот со нашиот клуб кој траеше до јуни, 2023 година“ –стоеше во соопштението од Атлетико Мадрид.

Откупната клаузула за фудбалерот од средниот ред изнесуваше 62.8 милиони фунти со што ќе стане второто најскапо засилување за „граѓаните“ по Кевин Де Брајн кој пристигна за 68 милиони фунти.