Атлетико Мадрид се засили со аргентински репрезентативец (Фото)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид соопшти дека потпишал договор со Нахуел Молина. 24-годишниот Аргентинец доаѓа во главниот град на Шпанија од редовите на Удинезе.

Молина потпиша договор со Атлетико до 2027 година, а во моментов вреди околу 20 милиони евра.

Талентираниот аргентински репрезентативец досега во кариерата играше за Удинезе, Росарио и Бока јуниорс.

Молина, исто така, одигра 16 меча за Аргентина, додека за Удинезе настапи на 63 меча во две сезони, при што постигна девет голови и 10 асистенции.