Атлетико Мадрид во финишот стигна до победа против Жирона (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Атлетико Мадрид славеше тешка победа од 2:0 на „Ванда Метрополитано“ против тимот на Жирона.

Иако првиот дел донесе неколку интересни прилики на двете страни, мрежите мируваа, па на пауза се замина без голови.

Првиот гол беше виден во 76. минута кога Годин по една одбиена топка ја затресе празната мрежа на гостите. Вториот погодок беше постигнат во самиот финиш на средбата кога Гризман по втор пат ја затресе мрежата на Жирона.

За Атлетико ова беше петта победа на последните шест натпревари, што секако дава оптимизам на избраниците на Чоло Симеоне пред дуелот со Барселона следниот викенд кој ќе се игра на „Камп Ноу“.