Атомски фудбал на „Енфилд“: Дербито меѓу Ливерпул и Манчестер сити без победник (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дербито од 28. коло во англиската Премиерлига меѓу Ливерпул и Манчестер сити заврши без победник, а со тоа продолжува жестока трка за титулата.

Кевин Де Брајне со мајсторска асистенција го пронајде Стонс во 23. минута за водство од 1-0 на „граѓаните“, додека Ливерпул до израмнување стигна во 53. минута преку Мекалистер.

Ливерпул беше подобар противник во второто полувреме, но не искористи неколку шанси и резултатот не се менуваше.

Арсенал и Ливерпул имаат по 64 бодови на врвот во лигата, а по нив следи Манчестер сити со еден бод помалку.