АТП ќе ги менува правилата поради Зверев


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тенисер Александер Зверев беше во непријатна ситуација за време на Ролан Гарос затоа што не можеше да внесе доза на инсулин бидејќи боледува од дијабетис.

На Зверев не му беше дозволено такво нешто во осминафиналето, па тенисерот мораше да земе пауза за тоалет.

„Ми кажаа дека морам да го напуштам теренот и дека тоа ќе се смета како пауза за тоалет. Имам само две такви, а во најдобар случај и меч со пет сетови, ќе морам да земам четири или пет дози инсулин“, кажа Зверев.

Германските медиуми пишуваат дека АТП ќе реагира поради оваа ситуација и ќе ги промени правилата за дијабетичарите.