Атрактивната Шакира нема да пее на отворањето на СП во Катар

Колумбиската пејачка Шакира нема да пее на церемонијата за отворање на Светското првенство (СП) во Катар.

Иако се шпекулираше во претходните денови дека Шакира ќе пее в недела, сепак тоа нема да се случи.

„Досега објавените информации за нејзиното учество се само шпекулации и неофицијални информации“, вели близок пријател до пејачката.

Засега не е познато кој ќе пее на отворањето на Мундијалот, зашто голем број ѕвезди одбија да настапат поради социјално-политичката ситуација во Катар.

Медиумите пишуваат дека колумбискиот пејач Малума би можел да настапи, а се споменува и името на Ники Минаж, иако засега ништо не е сигурно.