Атрактивни полуфинални парови за Ф4-турнирот во Лигата на нации


Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓

Завршниот турнир во Лигата на нации ќе се игра во јуни, а денеска се одржа ждрепката која ни носи атрактивни парови.

Весли Снајдер ги влечеше паровите и среќата посака Холандија да се соочи против Хрватска, додека во второто полуфинале ќе играат Шпанија и Италија.

Првото полуфинале се игра на 14 јуни, додека второто еден ден подоцна. Мечот за трето место е закажан на 18 јуни во 15 часот, а финалето се игра истиот ден од 20.45 часот.