Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Името на Емануел Ебуе веднаш предизвикува симпатии и сеќавања кај навивачите на Арсенал на деновите кога десниот бек од Брегот на Слонова Коска од повремена предмет на потсмевање се претвори во култен херој на „Топџиите“.
Во текот на успешната кариера, во која одигра повеќе од 200 натпревари за лондонскиот клуб, заработи околу 20 милиони фунти. Но, блескавите денови на врвот од славата се претворија во кошмар кога животот надвор од теренот му почна да се распаѓа.
Сега, 42-годишниот Ебуе се соочи со првиот голем проблем во 2016 година. Сандерленд му даде отказ откако ФИФА му изрече едногодишна забрана за играње фудбал поради неплатен долг кон поранешниот агент Себастиен Бојсо. На поранешниот репрезентативец на Брегот на Слонова Коска му беше наредено да плати 790.000 фунти, што тој одби. Случајот се влечеше години, а пресудата изненади и Англиската фудбалска асоцијација и Сандерленд.
Тогашниот менаџер на Сандерленд, Сем Алардис, беше бесен. „Зошто го отпуштивме? Не може да доаѓа на тренинзи, не може ни на терен, не може ни да влезе преку вратата. Тоа е целосен хаос. Тој е вознемирен, но мора да преземе одговорност зашто не комуницираше со луѓето кои се обидуваа да го решат проблемот во изминатите неколку години.
Прв пат за тоа дознавме пред една недела, кога добивме известување дека би можел да биде суспендиран на 12 месеци ако не го реши проблемот. Тој се обиде, но тоа не беше прифатено и суспензијата стапи во сила,” рече Алардис и додаде: “Луѓето на кои се потпираше не комуницираа со него добро, а ни тој со нив.
Сигурно никој не комуницираше со нас доволно добро за да избегнеме оваа ситуација. Ова би можело засекогаш да ја заврши неговата кариера ако не внимава.”
Личниот, професионалниот и финансискиот слом оставија тешки траги врз менталното здравје на Ебуе. Падна во тешка депресија, и мораше да ги затвори прозорите од куќата со картонски кутии за да се скрие од медиумите. Призна дека се чувствувал многу лошо за да не можел ни да јаде.
Еден од најболните аспекти на приказната на Ебуе е прекинатиот однос со 17-годишниот син Матис, исклучително талентиран млад фудбалер кој игра за Челси. Во време кога Матис потпишуваше за лондонскиот клуб, Ебуе изразуваше гордост и изненадување од неговиот напредок. Сепак, подоцна откри дека не разговарале пет години и дека „плачел одвнатре“ бидејќи тогаш не знаел дека неговиот син се придружил на Челси.
















