Аврамовски го урна Борец за втор триумф на Вардар во пролетната полусезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар ја запиша и втората победа во пролетната полусезона, откако успеа да слави во Велес на гостувањето кај Борец со 1-0.

Еден од најдобрите фудбалери на Вардар, Даниел Аврамовски го постигна единствениот погодок на мечот во 33. минута и така ги постави конечните 3-0 за „црвено-црните“.

Вардар играше многу подобро од денешниот ривал, па благодарение на денешните три бода, тие во моментов имаат +11 пред Шкендија на табелата, но Тетовци утре ќе играат против Силекс во Кратово, со што ќе имаат шанса да го одржат чекорот доколку слават во дербито.

Во останатите натпревари ќе се пресметаат Македонија ЃП – Академија Пандев, Ренова – Струга Трим Лум, Работнички – Шкупи и Силекс – Шкендија.

ФОТО: ФК Вардар